Синот на Марадона: Татко ми умре млад, сите негови тимови треба да ја повлечат „десетката“

Смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона ги погоди сите љубители на фудбалот, а најтешко му е на неговото семејство.

Синот на Марадона, Диего Синагра, едвај собра сила за да даде интервју за „Марка“.

„Не можам уште да прифатам дека го нема. Имаше уште многу години пред себе, уште многу години во кои требаше да ужива со семејството. Тоа никогаш нема да го прифатам. Замина многу млад“, кажа Синагра.

Синот на Марадона смета дека дресот со број 10 треба да се повлече во сите тимови во кои играше Аргентинецот.

„Сметам дека сите треба да го направат тоа. Па дури и во Барселона. Нема никаква дилема“, кажа Марадона.

Фудбалскиот бог во кариерата играше за Бока јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја, Аргентинос јуниорс и Њуелс олд бојс.

Целото интервју на синот на Марадона може да го прочитате ТУКА.