„Највредниот дрес што го носеше Марадона не е на продажба, па ни за милиони евра!“
Хоџ по завршувањето на натпреварот го разменил дресот со Аргентинецот и тој дрес сега се наоѓа во Националниот фудбалски музеј во Манчестер, но негов сопственик е Англичанецот.
„Го имам дресот веќе 34 години и никогаш не се обидов да го продадам. Има неверојатна вредност за мене. Луѓето постојано го бараа од мене, телефонот постојано ми ѕвони... Имаше информации дека сакам два милиони евра, но тој не е на продажба. Не се обидувам да го продадам“, вели Хоџ.
Марадона почина минатата среда од срцев удар на 60-годишна возраст во својот дом, каде што се рехабилитираше од операција на главата.