Докторот оди на суд: Марадона ја удрил главата пред да умре, не бил ни прегледан...

Докторот на Диего Армандо Марадона, Леополдо Луке се соочува со големи проблеми, откако адвокатот на медицинската сестра, Родолфо Баке кажа дека Аргентинецот си ја удрил главата една недела пред неговата смрт, а притоа не бил прегледан.

Адвокатот за телевизијата „ТН“ кажа дека Марадона на 17 ноември паднал и ја удрил главата, а притоа не бил испратен на скенирање со магнетна резонанца или компјутерска томографија и тоа била грешка на личниот доктор на еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Според зборовите на адвокатот, Марадона имал забрзан пулс и уште некои проблеми на кои никој не посветил внимание.

„Марадона имаше 115 отчукувања на срце во минута, а пред смртта дури 109. Сите знаеме дека пациент со срцеви проблеми не смее да има повеќе од 80 во минута. Докторот не му посветил доволно внимание, а не му ни препишал соодветни лекови“, вели адвокатот.

Обвинителството во Буенос Аирес почна истрага поради смртта на Марадона на 25 ноември, а поради тоа докторот оди на Суд и притоа му беа одземани телефони и други документи од неговата клиника.