Последната порака на Марадона пред смртта: Чувајте го мојот ангел Диегито!

Аргентинската легенда Диего Армандо Марадона кој во средата попладне по локално време почина од срцев удар испратил аудио порака неколку часа пред трагично да почине до дечкото на својата поранешна девојка Вероника Охеда, за да го чуваат најмладиот син на фудбалскиот Бог, Диегито.

Марадона беше во врска со Охеда и во 2013 година го доби синот Диегито Фернандо Марадона Охеда. Откако се раздвои од Вероника и покрај тоа што доби вонбрачен син, Марадона потоа беше во врска со Росио Олива, а во последните години тотално осамен.

Аргентинската легенда, како што објави „Америка ТВ“, која дошла во посед до аудио пораката, тој ја пратил до Марио Брудри, сегашниот дечко на Вероника Охеда во која бара да го чува најмалиот син на Диего, како што го нарекува – мојо ангел.

„Здраво Марио, Диего тука. Знам дека ќе бидеш зачуден, дека ова ќе ти биде неверојатно, но гледам дека со Веро (Вероника Охеда – н.з.) добро ви оди, ми кажа дека е со тебе и чувај ја. Те молам чувај го и мојот ангел Диегито, кој не може да го споредам со никого. Види имам многу деца, ама ова ќе ми го земе и последното бело влакно од косата. Ве гушкам“, му рекол Марадона на Марио.