Алиоски: Играме преубав фудбал, навивачите уживаат кога гледаат колку шанси правиме

Македонскиот репрезентативен лев бек Езџјан Алиоски се врати во првиот тим на Лидс веќе неколку мечеви во низа, откако во сезоната тргна како резерва, а Лидс сезонава е еден од тимовите кој има најубава игра, тим кој создава шанси, тим кој им нуди посебно уживање на сите фудбалски заљубеници.

Алиоски беше стартер и го одигра мечот против Евертон, кој за Лидс беше историски зашто после цели 30 години, тимот на популарниот Џани, предводен од Марсело Биелса успеа да победи на „Гудисон парк“.

„Играме преубав фудбал, можеби ќе имаме уште многу вакви мечеви, зашто овој беше фантастичен, многу креативен. Со нашиот тим, со нашата сила, прекрасно е да гледаш колку шанси создаваме, а тоа ни дава енергија, ни дава уште повеќе да веруваме дека може да победиме. Уживаме во настапите, а со Евертон, после сите тие шанси, тешко е да поверуваш дека полувремето заврши без голови, а најмалку можеше да биде 1-1, 2-2. Секој ден ние силно работиме за да имаме сила и енергија, а токму таа енергија, самодоверба ни донесе победа со Евертон“, вели Алиоски.

Тој посочи дека првата победа после 30 години е најбитна.

„Не е важно колку долг бил периодот, денеска се случи тоа – Лидс го освои 'Гудисон'. Ние прва сезона сме во Премиер, ги победивме и што се однесува до мене, баш ми е галје колку долго траела серијата. Ние победивме со нашето срце, а знам дека навивачите долго чекаа на оваа победа. Жално е што не можеме заедно да ја прославиме победата, но ние секојдневно мислиме на нив. Ги носиме во нашите срца“, додава Алиоски.