Шампионот Хамилтон стигна до нова победа на хаотичното гранпри во Бахреин

Старо-новиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон победи во хаотичната трка во Бахреин, за да стигне до нова победа без оглед што веќе ја обезбеди шампионската круна, само за да потврди дека му нема рамен во најбрзото автомобилистичко натпреварување.

Трката која ја одбележа страшниот инцидент на Роман Грожан, кој по стартот се заби во заштитната ограда и неговиот болид се распарчи на два дела и експлодираше, а за среќа тој мина без тешки повреди, па еден час после рестартот кој донесе нов инцидент со превртувањето на кров на Ланс Строл, Хамилтон победи буквално од почеток до крај.

Во ниту еден момент победата на првакот не беше доведена во прашање, па Мерцедес денеска стигна до 144-та победа за да се израмни со Вилијамс на вечната листа, заостанувајќи засега на таа листа зад Вилијамс кој има 182 победи во историјата, а убедливо најдобар е Ферари со 231 победа.

Зад Хамилтон денеска заврши Макс Верстапен, а трет беше Алекс Албон, што за него е втор подиум сезонава