Ривер плејт и Росарио на оригинален начин се збогуваа со Марадона (ВИДЕО)

Диего Армандо Марадона почина во средата на 60-годишна возраст од срцев удар, а веќе неколку дена по ред од него се збогуваат многу познати личности и фудбалери, па тоа синоќа го направија и играчите на Ривер плејт и Росарио.

Поранешните ривали на Марадона му подготвија оригинален поздрав и го испратија фудбалскиот бог во вечен мир. Фудбалерите на двата тима се поставија во форма на бројот десет.