Крвава навивачка пресметка во Штип - војна помеѓу Фаланга и Лозари! (ВИДЕО)

Ретко видени крвави сцени можеа да се забележат по денешниот дерби натпревар од Втората лига – Исток помеѓу Брегалница и Тиквеш (1-1), откако припадници на навивачките групи на двата тима, Фаланга и Лозари, жестоко се пресметаа помеѓу себе на улиците во Штип.

Тоа беше крвава пресметка која наликуваше на вистинска навивачка војна, по која интервенираше и полицијата, меѓу кои има и повредени, откако на снимките се гледа како полицаец е удрен со запален факел. Неофицијално, во уличната војна има многу повредени, а од МВР најавија дека наскоро ќе излезат со соопштение за јавноста преку кое ќе го објават сите детали за овој инцидент.

* Видео М-Нет