Лил го посрамоти Милан, Адеми и Динамо освоија три бодови, триумф и за Ц. Звезда (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни и останатите натпревари од третото коло во групната фаза од Лига Европа, а најголемо изненадување беше убедливиот пораз на Милан на домашен терен од Лил со 0-3.

„Росонерите“ ќе сакаат што е можно побрзо да ја заборават оваа ноќ затоа што беа поразени на „Сан Сиро“ со 0-3 од Лил. Херој на гостинската екипа беше турскиот фудбалер Јусуф Јазиџи, кој постигна хет-трик во мрежата на Џанлуиџи Донарума.

Арсенал тргна лошо против Молде и прими гол за 0-1 преку Елингсен во 22. минута, но „топчиите“ се вратија во игра во самиот финиш од мечот, по што во второто полувреме рутински ги освоија трите бодови (4-1).

Црвена Звезда запиша важен триумф против Гент во групата Л, откако славеше на домашен терен со 2-1. Канга постигна гол за водство од 1-0, по што Гент израмни на 1-1. Сепак, домаќинот во 59. минута преку Катаи ги постави конечните 2-1.

Динамо Загреб се соочи со незгодниот Волфсбергер, но сепак победи со 1-0 и така освои важни три бодови. Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го одигра цел меч за хрватскиот тим.

Останати резултати:

Антверпен – ЛАСК 0-1
Селтик – Спарта Прага 1-4
Феенорд – ЦСКА Москва 3-1
Хофенхајм – Либерец 5-0
Лестер – Брага 4-0
Јанг бојс – ЦСКА Софија 3-0
Зорија – АЕК 1-4