Навивачите на Реал во шок: Бензема долго ќе ја памети утката против Интер (ВИДЕО)

Францускиот напаѓач Карим Бензема постигна еден гол против Интер (3-2) во мечот од третото коло од Лигата на шампиони, но при една ситуација се посрамоти за сите пари и ги шокираше навивачите на Реал Мадрид.

Бензема во 83. минута имаше чиста шанса за втор погодок, но од неколку метри не успеа да ја смести топката во противничката мрежа, со што остави надеж кај Интер дека може да освои бод, но сепак гостите останаа со празни раце.