Македонија службено ќе се пласира во футсал квалификациите за ЕП
Ситуацијата со ковид-19 воопшто не е добра во Англија, па здравствените власти дале препораки футсал репрезентативците да не патуваат во Скопје, а одлуката е испратена и од УЕФА, по што се очекува и официјална потврда за пласманот на Македонија во следната фаза.
„За нас е важно да се пласираме во главната фаза на квалификациите за ЕП и пред да ја добиеме информацијата од англиската асоцијација. Сакавме да победиме на терен, но ова е време во кое не може да знаеме што ќе се случи утре. Очекуваме одлука од УЕФА, по што ќе размислуваме за идните натпревари“, кажа селекторот Васко Скендеровски.
Ако УЕФА ја потврди одлуката, тогаш Македонија ќе биде во група со Романија, Србија и БиХ.