Скандал на вечното дерби: Ц. Звезда и Партизан ги очекуваат жестоки казни

Дербито меѓу вечните ривали Црвена Звезда и Партизан ќе има „трето полувреме“. Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија ќе добие пријава кон двата тима поради непочитување на правилата за организација на фудбалските натпревари за време на пандемијата на ковид-19.

Партизан го очекува казна поради катастрофалната организација на средбата со Црвена Звезда, а службените лица забележале многу повеќе од дозволениот број луѓе на трибините.

Пред почетокот на натпреварот бил забележан уште еден скандал. Било поставено знаме на Ц. Звезда со две ѕвездички на грбот, а гостите побарале да се тргне спорното знаме и да се постави официјалното со три ѕвездички.

Според правилата, натпреварот можеле да го гледаат само претставфници на клубовите и медиумите, но сепак зад головите биле присутни и навивачи.

На средината на второто полувреме еден од навивачите го погодил Милан Борјан со топка. Голманот на Црвена Звезда бил на удар на лажните фоторепортери.

Вербалниот дуел продолжил и по „нападот“ врз Борјан, а како се ближеше крајот, страстите се смируваа, па по излегувањето од теренот фудбалерите на двете екипи се смирија меѓусебе.

Каитенот на „црвено-белите“ се поздрави со тројца навивачи на Партизан, кои во второто полувреме биле зад голот на Ц. Звезда.

На инсистирање на делегатот, Бранко Стојаковиќ, на полувреме на мечот морале двајца лажни фоторепортери да заминат од стадионот.

Дисциплинската комисија ќе ја „чешла“ и гостинската екипа. Тие не се однесувале како што треба на теренот и не ги почитувале прописите за ковид-19, а конечната одлука се очекува за десет дена.