Нова магија: Димитријевиќ го прати ривалот „по бурек“, па поентира – атрактивно (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, продолжува со одличните партии во дресот на шпански Хувентус, па беше меѓу најзаслужните за синоќешниот триумф на овој тим против Билбао (88-81).

Талентираниот плејмејкер, кој средбата ја заврши со 10 поени, го имаше потегот на натпреварот, откако прво го прати ривалот што го чуваше „по бурек“, за потоа атрактивно да поентира на „втор обрач“.