Историја: Србинот Јокиќ со трипл-дабл го внесе Денвер во финалето на Западот (ВИДЕО)

Бајката наречена Денвер нагетс продолжува, откако овој тим уште еднаш магично успеа да се врати во плејоф-серијата и да го елиминира фаворизираниот противник по триумфот во синоќешната „мајсторка“ против арогантните кошаркари на ЛА клиперс (104-89).

Составот од Колорадо и овој пат, како и во претходната рунда против Јута Џез, се врати по негатива од 1-3 во победи, за со три триумфи по ред да дојде до драматичен пресврт. Најзаслужни за оваа победа на „грумењата“, која беше убедливо најлесна во доигрувањето, беа српскиот интернационалец Никола Јокиќ, кој средбата ја заврши со трипл-дабл ефект со 16 поени, 22 скока и 13 асистенции и Џамал Мареј, кој средбата ја заврши со 40 поени. Србинот патем сруши и неколку НБА-рекорди, како прв што имал трипл-дабл со 20 и повеќе скокови во седмиот меч од една плејоф-серија, како и прв по 25 години кој во „мајсторка“ успеал да има вакво остварување уште по три четвртини.

Кај Клиперс потфрлија двете најголеми ѕвезди, Каваи Ленард и Пол Џорџ, кои средбата ја завршија со по 14 поени, но со ужасен шут од поле (6/22 односно 4/15). Денвер во големото финале на Западот ќе игра против ЛА Лејкерс, серија која почнува во ножта помеѓу петок и сабота по македонско време.