Фетел избрал нова екипа, а веќе потпишал и тригодишен договор!?

Германскиот возач Себастијан Фетел следните три сезони најверојатно ќе вози за Астон Мартин, барем така пишува италијанска „Газета дело Спорт“.

Познатиот медиум пишува дека Фетел потпишал тригодишна соработка со новиот тим, кој му ги исполнил сите услови, кои Германецот ги барал претходно од Ферари.

Поранешниот светски шампион на средината на мај објави дека ќе вози во Ферари до крајот на сезоната, а се споменуваше дека би можел да се пресели и во Мерцедес, но очигледно такво нешто нема да се случи.

Фетел најверојатно ќе биде промовиран во новиот тим до крајот на неделата.