Барди меѓу 20-те играчи во Ла Лига со најголем напредок по – вредност!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди, членот на Леванте се нашол меѓу 20-те фудбалери од шпанската Ла Лига, на кои најмногу им пораснала цената во оваа сезона, објавија шпански меидуми, повикувајќи се на податоците од познатиот интернет сајт за трансфери, „Трансфермаркт“.

Барди според „Трансфермаркт“ сега има вредност од 20 милиони евра, а пред стартот на сезоната таа вредност му била 12 милиони евра и со ова зголемување на вредноста за дури осум милиони евра го сместила меѓу 20-те фудбалери кои најмногу напредувале во сезоната 2019/20.

Заедно со Барди во таа група е и соиграчот Кампања, а од другите фудбалери тука се Регулион, Рики Пуиг, Пау Торес, Унај Симон, Кубо, Асенсио, Менди, Семедо, Маркос Љоренте, Окампос, Диего Карлос, Ојарзабал, Куртоа, Ансу Фати...

Барди кој од 2017 година е дел од Леванте, кога дојде за 1,5 милиони евра од унгарски Ујпешт, брзо го сврте вниманието кон себе, а по рестартот на сезоната во Шпанија беше клучниот играч за втората најдобра сезона на својот тим и сега се поврзува(ше) со трансфер, а за него сериозен интерес има од Арсенал, Лацио, Фиорентина, Валенсија, екипи од Бундеслигата....

Инаку Барди во оваа сезона се запиша во историјата на Леванте како најдобар странец-стрелец.