Ливерпул се опорави од шокот против Сити: Астон Вила оди кон Чемпионшип (ВИДЕО)
„Црвените“ победата ја обзбедија во последните 20 минути од натпреварот. Прво Садио Мане погоди во 71-та минута и за него тоа беше 20-ти погодокц сезонава. Интересно, Сенегалецот трета сезона по ред постигнува најмалку 20 голови во Премиерлигата.
Точка на триумфот на новиот анлиски шампион стави младиот Куртис Џоунс во 89-тата минута.
Астон Вила со овој пораз останува во опасната зона на 18-тото место со 27 бодови.