Вардар комплетира тимот: Ловро Јотиќ е последното засилување на црвено-црните!

Актуелниот европски ракометен првак Вардар го затвори списокот за следната сезона и како последен член на црвено-црните е средниот бек Ловро Јотиќ, кој во минатата сезона настапуваше за битолски Еурофарм Пелистер.

Црвено-црните кои ја започнаа ерата без Сергеј Самсоненко чекаа разврска околу можноста да го земат Миха Зарабец од Кил, ама на крајот изборот падна на Јотиќ и со тоа се пополнува местото на среден бек и се затвора тимот кој во следната сезона ќе атакува на трофеите.

Јотиќ беше ракометар на Е. Пелистер, кој требаше да игра во новата сезона во португалска Бенфика, но овој клуб реши да го намали буџетот и сега Вардар ја искористи можноста да го ангажира, а тренерот Стевчо Алушовски добро го познава зашто лани соработуваа заедно.

Со ова Вардар ќе има хрватско дуо на позицијата организатор откако претходно го донесе и младиот Анте Гаџа од ППД Загреб, кој е поранешен ракометар и на Нексе.