Еден од најдобрите српски одбојкари заразен со Ковид-19!
Атанасиевиќ за среќа има многу лесна клиничка слика, а се надева дека вирусот не го пренел на некој друг.
„Позитивен сум на корона, ама не знам каде сум се заразил и сега 'прелистувам' во глава со кого сè сум бил во контакт. Се надевам дека не сум ја пренел заразата, посебно не на моите пријатели и на семејството. Само околу тоа размислувам и секако сакам што побргу да оздравам“, рекол Атанасиевиќ за „Вечерње Новости“.
Коректорот на српската репрезентација и член на италијанска Перуџа пред еден месец го оперираше коленото, а Италија беше едно од најголемите европски жаришта, па долг период српскиот одбојкар беше во карантин.
Тој дознал за заразата од коронавирус кога дошол во Србија и откако кренал температура.
„Ако не правев операција пред еден месец, а со тоа да не ми паднеше имунитетот, веројатно сега ќе бев асимптоматски случај. А, јас во Перуџа додека лежев во болница имав и мало воспаление на белите дробови. Бидејќи во Италија епидемијата беше многу поголема, јас бев петпати тестиран и секојпат бев негативен. Негативен бев и пред да дојдам во Србија, за да не одам во карантин“, додава српскиот одбојкар.
Сега две недели ќе седи во изолација, а бидејќи има лесна клиничка слика можно е и без лекови да ја победи болеста.
„Велат дека не е вирусот сега толку јак, ама очигледно е дека човек не смее да се опушти. Само да сè мине во ред и да оздравам“, заврши тој.