Пак се појави коронавирус во Премиерлигата
Сега, биле тестирани дури 1.197 лица од сите клубови, а резултатите покажале дека едно лице е заразено. Фудбалската асоцијација потврди дека станува збор за член на Тотнем, но не сакаа да откријат дали е фудбалер, тренер или член на струлчниот штаб.
Тотнем веднаш потврди дека едно лице од нивниот клуб е заразено и дека веднаш било пренесено во карантин. Ова нема значително да го наруши тимот бидејќи остатокот од екипата ќе продолжи со тренинзите.