
Вујо зачуден: Кој знае што ни се случува, па обичниот грип излезе поопасен од короната!
Поранешниот тренер на Вардар периодот го минува на брегот на реката Сава, каде што има можност полициските часови да ги минува на отворено. Да не е така, самиот вели дека би полудел.
„Среќа моја за куќичката крај река, каде сум со сопругата и времето го минувам во риболов и прошетки. Повремено одам во станот и не знам како другите издржуваат затворени во четири ѕида. Јас би полидел. Се прашувам како сето ова влијае врз психата на постарите кои по цел ден се затворени“, вели популарниот „Вујо мајсторе“.
Според легендарниот ракометар и тренер, многу работи околу пандемијата не му изгледаат логични.
„Размислувам многу и нешто не ми е логично во целава работа. Се бројат заразените и мртвите од короната, а починати има помалку него во истото време минатата година. На светско ниво има повеќе починати од обичен грип отколку од Ковид-19. Што тогаш се случува? Кој со што се игра, најверојатно никогаш нема да дознаеме. Ептен сум збунет. Гледам луѓе како остануваат на улица, без работа. Можеби за неколку месеци ќе заборавиме сѐ, ама светот повторно нема да биде ист, во тоа сум сигурен“, дополнува Вујовиќ.