Eвропската шампионка во кревање тегови доби суспензија од осум години!
Како што се наведува во информацијата, суспензијата на 27-годишната Јову ќе се смета од 15 декември 2018 година. Романката беше дисквалификувана поради замена на крв за тетстирање.
Јову е освојувачка на бронзениот медал на Олимписките игри во 2012 година во категорија тежина до 53 кг.. Подоцна, МОК ја лиши од наградата поради позитивен допинг тест.