Стеф Кари се враќа на теренот в недела против Вашингтон
Најдобриот кошаркар на Вориорс се рехабилитираше од повредата на раката. Мораше да оди на две операции, а му беше оштетен и нерв. Рехабилитацијата воопшто не беше лесна за плејмејкерот.
Кари сезонава одигра само четири натпревари, пред да заработи скршеница на раката, а со оглед на фактот дека и Клеј Томсон цела сезона е во аут поради скинати лигаменти на коленото, не е случајно што тимот се наоѓа на последната позиција на Западната конференција, а всушнот е и најслабиот тим во лигата со само 12 победи.
Суперѕвездата би требало да има кам-бек проти Вашинтон во недела, но неговата минутажа ќе биде лимитирана. Тимот не сака да ризикува ништо, бидејќи и онака нема шанси за плеј-офот. На последните 22 натпревари од регуларниот дел од сезоната, Вориорс ќе се обидат само да ги воиграат Стеф Кари и Ендри Вигинс, кој пред неколку недели дојде од Минесота.