Шокантна исповед на стоперот на Лацио: Да не „закачев“ рак ќе се откажев од фудбалот!

Римски Лацио е сезонската фудбалска приказна број еден во Европа, зашто „орлите“ и со малку пари, без преголемо расфрлање, со просечен тим во однос на великаните е сериозен конкурент за шампионски трофеј во Серија А, а Франческо Ачерби (32), стоперот на „орлите“ е еден од најзаслужните покрај Чиро Имобиле, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и останатите.

Ачерби имаше така тежок пат за да стигне до професионалниот фудбал, зашто пред седум години му беше откриен рак на тестиси, а откако се помина во најдобар ред му се врати на фудбалот и сега е командант на одбраната во еден од најимпресивните фудбалски клубови во Европа. Стоперот првпат реши да ја отвори душата за тоа што го преживеа во 2013 година како играч на Сасуоло, ама со изјавите дури и сите ги шокира.

„Ракот беше мојата среќа. Јас сум му благодарен на Бог што го 'закачив'. Открив дека сум блен во јули 2013 година, само што дојдов во Сасуоло. Една година после болеста нешто се случи. Една ноќ заминав на спиење како ништо да не се случило, а утрото се разбудив така во паника, што се плашев од сопствената сенка. Размислував само на проблеми, на загубени години, на пропуштени шанси. И завршив кај психолог за да ги надминам личните стравови. Така тргнав по патот на промени, кои ми го сменија животот“, вели Ачерби.

Во еден глас продолжува, зошто ракот му го свртел животот кон тоа што претходно го сонувал.

„Сега сакам сè во животот. Ако не беше ракот, јас ќе играв во Серија Б, можно е дури и да престанев да играм фудбал. За среќа, некој одозгора ме гледаше и ми ја прати болеста. Ако не беше таа сè лошо ќе завршеше. Јас претходно играв фудбал само поради татко ми, тој повеќе се грижеше за мене, отколку јас самиот. Кога почина, немав за кого повеќе да играм, немав глава на професионалец, не се ценев себе си, не ја ценев работата, ниту луѓето кои ме плаќаа. Не се плашев од ништо, не се плашев од големи мечеви и не беше тоа зашто бев храбар, туку дека бев незаинтересиран. Често доаѓав на тренинзи мамурен после пијанства, а мене ми требаа неколку часа сон за да продолжам. Бев силен и физички подготвен, но...“, вели Ачерби.