Хенигман од Пелистер оди во Алкалоид, во спротивен правец се движи Серафимов?!

30-годишниот ракометар на Пелистер, Ник Хенигман од наредната сезона ќе го носи дресот на Алкалоид, пишува специјализираниот медиум за ракомет, Хендбалија.

Ракометарот кој е пред се специјалист за одбрана, се сели во Скопје, ќе игра за Алкалоид кој сака да направи конкурентен тим за највисок пласман.

Претходно излезе и информацијата дека и Нејц Цехте од наредната сезона ќе игра за Алкалоид.

Во спротивен правец, од Алкалоид во Пелистер треба да се пресели Мартин Серафимов. Тој веќе е слободен играч откако доби исписница од тимот од Автокоманда.