Провокација за Охрид во Атина - ги натераа да тренираат во балон без воздух! (ФОТО)

Ракометарите на Охрид брзо по пристигнувањето во Атина го почувствуваа „гостопримството“ на Олимпијакос, Грците не му дозволија на македонскиот тим да тренира во салата каде утре ќе се игра мечот.

Охриѓани мораа да тренираат во балон кој нема нормална вентилацијa, кој не ги задоволува минималните услови за работа на професионални спортисти.

Првиот натпревар од четвртфиналето од Купот на ЕХФ меѓу Олимпијакос и Охрид се игра утре (недела) со почеток од 16, часот, а реваншот е во салата „Билјанини Извори“ на 4 април од 18 часот.

Минатата сезона АЕК беше грчкиот тим кој се однесуваше непријателски кон Алаклоид, а сега сличен рецепт применуваат и луѓето од Олимпијакос кон Охрид.

Ваквите провокации на грчкиот тим може само да послужат како мотив повеќе за ракометарите на Охрид.