Наполи го елиминираше Лацио, Гатузо му даде минутажа на Елмас (ВИДЕО)
Иако гостите од Рим беа далеку поквалитетен противник на теренот, сепак, промашените шанси ги чинеа елиминација, а воедно Чиро Имобиле се посрамоти при изведување на пенал во 8. минута. Точно пред ударот, тој се лизна, а неговиот удар заврши далеку од рамката од голот.
Инаку, на овој меч своја шанса доби и македонскиот фудбалер Елиф Елмас, кој влезе во вториот дел и учествуваше во овој успех на екипата од „Сан Паоло“.
Главниот судија подели по еден црвен картон на секоја страна, па до крајот екипите настапија со играч помалку. Римјаните доминираа и имаа повеќе од играта, на крај постигнаа и погодок, но истиот беше поништен поради офсајд.
Во полуфиналната фаза противник на Наполи ќе биде Интер или Фиорентина.