Алонсо доживеа несреќа на релито Дакар, возилото се преврте неколку пати! (ВИДЕО)
Легендарниот возач реши да учествува на релито Дакар, но не му оди баш најдобро. Алонсо имаше инцидент на етапата која се возеше 534 километри, откако пред самиот крај неговото возило се преврте.
Алонсо се обиде да го премине песочниот рид од чуден агол, но неговата Тојота Хилукс се преврте неколку пати. За среќа, Алонсо и неговиот совозач Марк Кома поминаа без повреди.
Сепак, оштетувањето на возилото било малку посериозно, па поради поправки изгубија 68 минути, иако беа на само два километри до целта. Тие во моментов се рангирани на 14-то место.