„На Шумахер му ги променија коските, органите и мускулите - ќе беше мртов ако немаше пари“

Еден неврохирург од Болоња, Николас Акијари кажа дека легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер повеќе не е истата личност каква што ја паметат фановите.

Поминаа шест години откако Шумахер доживеа страшна несреќа на скијање, а јавноста и фановите на возачот не добиваат вистинска слика за неговата состојба.

Информациите се држат во строга тајност, иако понекогаш се појавуваат некакви податоци или сведочења од пријателите на Шумахер.

Во септември минатата година почна новата битка за Шумахер, кога тајно беше префрлен во Париз на тајно лекување со матични ќелии.

Голем број хирурзи тогаш дадоа мислење за состојбата на Шумахер во надеж дека ќе можат да помогнат, по што докторот од Болоња кажа дека состојбата на поранешниот возач е лоша.

„Органи, коски, мускули... тие работи му се променети. Шумахер по шест години повеќе не е личноста што ја паметиме од болидите. Иако за него интензивно се грижат веќе долго време, сепак многу работи се променија во неговото тело. Матичните ќелии го одржуваат во живот. Неговата состојба бара 24 часа внимание. Околу себе има тим на физиотерапевти, кои се обидуваат да ја засилат неговата енга. Сепак, среќа за Шумахер е тоа што има пари, зашто доколку не беше така, тогаш тој ќе беше мртов“, вели хирургот.