Нова лоша вест за Јунајтед: Пол Погба мора на операција и тоа – веднаш!

Екипата на Манчестер јунајтед синоќа им донесе уште едно разочарување во низа на своите навивачи, откако загуби на гостувањето кај Арсенал (0-2), но тоа не е најлошата вест денеска во таборот на „ѓаволите“.

Причина за тоа е информацијата дека францускиот репрезентативец, Пол Погба, дуелот со „топчиите“ го пропуштил поради нова повреда и тоа набрзо по враќањето во тимот по подолгата пауза поради здравствени проблеми.

„Погба е повреден и затоа не играше со Арсенал. Мора веднаш да замине на операција на стапалото и нема да може да сметам на него во следните три до четири недели“, изјави тренерот Оле-Гунар Солшер по дуелот во Лондон.

Французинот е голем малер сезонава, бидејќи ова е трет ваков или сличен проблем во изминатиот период, поради што досега настапи на само осум натпревари.