Легендарниот индиски тенисер се реши да оди во пензија, ама на крајот на 2020 година!

Легендарниот индиски тенисер Леандер Паес има неверојатна кариера која трае веќе 28 години. Игра од далечната 1991 година, кога сè уште постоеше Југославија и оттогаш не пропушта главен турнир, а иако има 46 години барем досега не размислуваше за пензија.

И пред крајот на оваа 2019 година конечно се одлучи – ќе замине во пензија. Само што, ќе одиграл уште една сезона, па практично ќе се повлече од „белиот спорт“ на крајот на новата 2020 година.

„Баш ѝ се радувам на 2020 година, зашто ќе биде последна во мојата кариера. Ќе одиграм неколку турнири, ќе патувам со својот тим, ќе славам со пријателите, со навивачите низ светот. Инсирација добивав од сите страни, а сега време е прво на сите да им се заблагодарам, пред да се повлечам“, објави Паес.

Тој од ЛОИ во Атланта во 1996 година има бронза од двојки, а како еден од најпознатите играчи во дубл има 54 трофеи од кои 16 гренслем титули, дублови и микс-дубл, а во минатото беше и на врвот на АТП во двојки заедно со сонародникот Бупати.