Мурињо во свој стил: Лампард е добро момче, но денеска ќе загуби
Додека работеше како менаџер на Челси, Мурињо го тренираше Лампард и одлично го познава.
Јас секогаш ќе му бидам благодарен за тоа што го направи за мене како играч. Го сакам тоа момче, секогаш ќе го сакам, а се надевам дека ќе загуби в недела, кажа Мурињо и предизвика смеење кај новинарите кои беа присутни на прес-конференцијата.
Португалецот не мисли дека Челси е во криза, бидејќи е четврти во Премиерлигата, и се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите.