ВАР повторно дискутабилен во Премиер лигата: Бараа офсајд - па примија гол! (ВИДЕО)
Стрелци на погодоците вредни три бода беа Сент Максиман во 15. и Џорџо Шелви во 70. минута од натпреварот. Интересен момент беше виден при овој гол, бидејќи сите фудбалери на домашниот тим застанаа очекувајќи офсајд, но ВАР технологијата ги „измами“.
И покрај тоа што далеку подобар тим на зелениот терен беше Шефилд, сепак домаќинот не усепа да реализира ниту една од создадените шанси.
Со овој резултат и двата тима сега имаат по 19 бода и се на средина од табелата во Премиер лига.