Тричковски погоди за АЕК Ларнака во поразот од Анортозис (ВИДЕО)
Анортозис поведе во 34. минута од втората шанса, која ја имаше во првите 45 минути, па на полувреме замина со водство од 1-0.
Во второто полувреме повторно беше забележан израмнет меч, а гостите подобро ја искористија шансата и зголемија на 2-0 преку Окриашвили, додека Тричковски во 92. минута ги постави конечните 1-2.
Анортозис е првопласиран со 24 бодови, додека АЕК Ларнака на нашиот Тричковски е на петто место со 15 бодови.