
Морено ја продолжи војната со Енрике: Прво ми беше благодарен и одеднаш - удри со навреди!
Морено на пресот беше краток, а притоа не го криеше разочарувањето со тоа што Енрике, по враќањето на селекторската позиција, го избрка и го нарече „нелојален човек“.
„Првпат кога се сретнавме по неговото заминување од репрезентацијата ми кажа дека го направил тоа што морал, а мене ми бил благодарен што сум ја прифатил работата. По некое време му реков да се видиме. И потоа... Човекот се врати да ми даде отказ. Бев шокиран. Не можев да верувам што ми кажа Енрике. Само прифатив работа која тој ја остави поради трагедија. Ме нарече нелојален, а тоа е лага. Не знам дали некогаш ќе дознаам зошто ме навреди јавно. Никој не беше посреќен од мене кога слушнав дека Луис се враќа, а тој зборува дека сум сакал да ја водам Шпанија на Евро 2020. Ни тоа не е вистина“, вели Морено.