Тренерот на Партизан влезе во актерски води – глуми византиски цар од средниот век
Како што објавија српските медиуми, во изминативе денови привршувала со снимање во Смедерево втората сезона од циклусот „Српските јунаци во средниот век“, а Милошевиќ добил улога да глуми византиски цар. Ова не е првпат Милошевиќ да влезе во актерски води, зашто претходно глумел и во театарската претстава „откачени“, но сега првпат има улога во филмската индустрија.
Тренерот на Партизан е поранешен фудбалер на овој клуб, со богата интернационална кариера во Астон Вила, Сарагоса, Парма, Еспањол, Селта Виго, Осасуна и Рубин Казањ, а има 100 меча за селекцијата на СР Југославија, Србија и Црна Гора односно самостојна Србија после распадот на бивша СФРЈ.