Клоп откри на кој стадион ич не му се гостува – таму и со 3-0 на полувреме не победил!
Станува збор за „Санчес Писхуан“, домот на Севилја, поранешниот освојувач на Лига Европа.
„Не знам кој стадион е најдобар за игра, ама знам на кој – мразам да играм. Тоа е стадионот на Севилја, на кој мразам да излезам поради атмосферата. И тоа е комплимент за навивачите на шпанскиот тим“, вели Клоп.
Како тренер на Мајнц, Борусија Дортмунд, а сега на Ливерпул во кариерата има седум гостувања во Андалузија и ниту еден триумф. Трипати загубил, четирипати ремизирал, а не успеал да победи ниту кога со Ливерпул имал 3-0 на полувреме,