„Тргни ми се од патот ако не сакаш семејството да ти биде завиено во црно“ (ВИДЕО)

Еден од најдоминантните кошаракри на денешницата, Леброн Џејмс, имаше монструозно забивање преку Ненад Бјелица во победата на својот ЛА Лејкерс против Сакраменто (99-97). Со тоа, „Кралот“ предизвика искри на теренот, а по мечот дополнително го навреди српскиот кошаркар.

Евидентно е дека Леброн нема намера да престане со однесувањето кое воопшто не изгледа за спортистите, а особено не за некој што го носи прекарот „Крал“. Тој објави видео од забивањето над Бјелица и во описот напиша:

„Тргни се од шините кога оди брз воз во полна пареа, ако не сакаш семејството да ти биде завиено во црно“.

Овој коментар ниту малку не изгледа на спортски. Иако важи за еден од најдобрите кошаркари на  денешницата, сепак неговото однесување е пример за младите.