Харден со 47 поени го уништи Клиперс, Голден Стејт немоќен против Лејкерс

Ноќеска беа одигра седум меча во НБА-лигата, а неверојатниот Џејмс Харден повторно беше фантастичен во дресот на Хјустон рокетс.

Рокетс на домашен терен славеа против Лос Анџелес Клиперс со 102-93, а Харден постигна дури 47 поени, седум асистенции и шест скокови.

На Клиперс не му помогна ниту Кави Ленард, кој постигна 26 поени, 12 скокови и седум асистенции, па така Хјустон ја запиша осмата победа сезонава.

Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен лесно го совлада Голден Стејт Вориорс со 120-94, иако не можеа да сметаат на услугите на Ентони Дејвис, но на мечот доминираше Леброн Џејмс, кој постигна 23 поени и 12 асистенции.

Актуелниот шампион Торонто репторс сезонава играат одлично, а до осма победа стигнаа на гостувањето кај Портланд трејл блејзерс со 114-106.

Останати резултати:

Шарлот – Мемфис 117-119
Орландо – Филаделфија 112-97
Бостон – Вашингтон 140-133
Минесота – Сан Антонио 129-114