АЕК Ларнака пред триумф: Тричковски со глава ја затресе мрежата на Докса (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски повторно се запиша во листата на стрелци за АЕК Ларнака, откако во денешниот меч против Докса успеа да постигне гол со глава.

Тричковски уште во 14. минута од средбата погоди со глава за водство од 1-0 на АЕК Ларнака, а тоа сезонава за него во кипарскиот шампионат беше десетти погодок.