Несекојдневна сцена на турнирот во Шангај: Фоњини одлепи, Мареј едвај се исконтролира! (ВИДЕО)
Мареј се врати на тениските терени по операцијата на колкот и играше подобро во текот на изминатиот месец, но денес загуби, иако во третиот сет водеше со 6-5. Сепак, натпреварот го одбележа необична ситуација, а се случи веднаш откако Шкотланѓанецот освои брјек против Фоњини и на свој сервив требаше само да дојде до победата.
Тенисерите тргнаа на пауза помеѓу двата гема, а Фабио Фоњини не престана да зборува, што го правеше и за време на натпреварот во неколку наврати.
Кога стигнаа до мрежата, двајцата влегоа во расправија, а откако седнаа, Фоњини сè уште не престана да зборува.
Мареј застана да му објасни на судијата што се случувало во текот на еден поен, а Фоњини одговори: „Зошто се жалиш“, на што Енди одговори: „Замолчи! и продолжи да му објаснува на судијата иако Фоњини продолжи да го дофрла.