Новинарите во Сараево штрајкуваа поради - фудбалските хулигани!

Околу 100 новинари денеска се собраа пред канцелариите на фудбалскиот клуб Сарајево, а потоа маршираа низ центарот на градот барајќи заштита и построги казни за напади врз медиуми.

Ова откако десетина фудбалски хулигани, претставници на навивачката група „Хорде Зла“ упаднаа во редакцијата на „радиосарајево.ба“ и го принудија главниот уредник да повлече вест дека еден нивен припадник бил уапсен во Белорусија поради поседување на кокаин.

Полицијата уапси два лица за инцидентот, кој се случи во петокот на 27 септември, а ФК Сарајево го осуди инцидентот. Член на тој фудбалски клуб е и македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски.