Доста беше одмор: Алегри се враќа на работа и тоа во Премиерлигата!?
Италијанските медиуми пишуваат дека Алегри наскоро би можел да се пресели во Англија, односно на клупата на Манчестер јунајтед, кој лошо ја почна сезоната.
Алегри е прв кандидат за нов тренер на „црвените ѓаволи“, доколку Оле Гунар Солшер добие отказ, што е можно по лошите резултати.
Според „Тутоспорт“ освен Алегри, кандидат за „жешкото столче“ на „Театарот на соништата“ е и Лорен Блан.