Реал Мадрид тргна по голема ѕвезда: Позната е главната желба на Мурињо!

Шпанскиот медиум „Марка“ објави дека главна желба за засилување на Жозе Мурињо е аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез.

Мурињо, кој ова лето ќе има клучна улога во создавањето на новиот тим на Реал Мадрид, наводно но сака фудбалерот на Челси како свое ново засилување.

„Кралскиот клуб“ во изминатиот период обезбеди неколку засилувања, односно потпиша со Дензел Думфрис, Ибрахима Конате, Марк Кукуреља и Бернардо Силва.

Фернандез е еден од најдобрите фудбалери за врска во светот, а веќе „флертуваше“ со шпанскиот гигант, па наскоро се очекува понуда вредна над 100 милиони евра за неговиот потпис.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 433 (@433)