„Азар од дете е опседнат со Реал Мадрид и Зинедин Зидан“
Неговиот прв тренер во Белгија, Криштоф Тереу вели дека Азар уште како дете бил опседнат со Реал Мадрид и Зинедин Зидан. Секогаш се обидувал да ги копира потезите на Французинот, кој сега му е тренер.
„Другите дечиња зборуваа за Барселона и Манчестер јунајтед во тоа време, но Азар секогаш го обожуваше Реал Мадрид. Тоа навистина беше негов клуб. Секогаш се споредуваше себе си со Зидан, ги копираше неговите препознатливи потези и постојано зборуваше за него. Зидан за него беше идол“, вели поранешниот тренер на Азар.