Икарди ѝ рече „не“ и на Ванда - Аргентинецот нема да му биде соиграч на Елмас
Според последните информации, Икарди одбил да се пресели во Наполи, кој му нудел седум милиони евра годишно, плус права од маркетинг, кои не мора да ги дели со новиот клуб.
Неговата сопруга се обидела да го убеди, па имала и состанок со претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, но Аргентинецот го кажал последниот збор.
Икарди сака да се пресели во Јувентус, а доколку не се случи тоа, тогаш фантастичниот напаѓач ќе остане во тимот на Интер, кадешто добива плата од 4,5 милиони евра.
Очигледно Икарди не се брза никаде, па наводно сака да почека до јануари, кога се очекува и официјална понуда од Јувентус за неговите услуги.