Прва победа за Работник на турнирот во Добој
На полувремето Слога имаше предност од 13-11, но битолчани во вториот дел направија пресврт за да стигнат до победа од 26-24. Горан Кузманоски и Радовиќ најмногу се истакнаа во нашиот тим со по пет гола, додека фантастичен беше голманот Николче Трајкоски со 22 одбрани.
Работник утре е слободен на турнирот, додека во петок ќе игра против Пекинг Спорт Универзитет од 21 часот.