Лионел Меси се враќа во составот на Барселона уште овој викенд?
„Десетката“ на шпанскиот шампион изминативе неколку денови веќе тренира со засилен интензитет и работи и со топка. Тој е многу близу да биде целосно фит, па затоа шпанските медиуми најавуваат дека би можел да се најде и во тимот за дуелот против Бетис во рамки на 2.коло во Ла Лига. Следните два тренинга ќе покажат дали најдобриот фудбалер на Каталонците е фит да настапи против тимот од Севилја.
Меси му е очајно потребен на тренерот Ернесто Валверде, кој има сериозни проблеми со повредите на Луис Суарез и Усман Дембеле, па кам-бек на Меси сигурно би го израдувало. Во првото коло од Ла Лига, Барселона загуби на гостувањето кај Атлетик Билбао