Лампард никако да ја запише првата победа како менаџер на Челси (ВИДЕО)
Челси дојде во водство во раната фаза од натпреварот, со погодокот на Мејсон Маунт во 7. минута, додека во второто полувреме Вилфред Н‘Диди израмни и ги постави конечните 1-1.
Инаку, претходно, лондонскиот тим загуби на отварањето на сезоната во Премиер лига на гостински терен од Манчестер Јунајтед (4-0), како и во Суперкупот на УЕФА од Ливерпул со 2-3 по пенал рулетот.
Следна можност за прва победа на тимот во кој остави траен белег, Лампард ќе ја има во наредниот викенд на гостувањето во Норич.