Поранешен светски шампион обвинет за напад на 63 - годишен човек!

Поранешниот светски шампион во Мото3 класата, Дени Кент, е обвинет за напад со нож над 63-годишен човек во март годинава.

Кент во 2016 година беше светски шампион во Мото3 кога возеше за тимот на КТМ, а потоа се пресели во Мото2 каде немаше некои поголеми успеси, па одлучи да се испроба во Супербајк шампионатот.

Со тимот на МВ Аугуст одлучи да се опрости бидејќи 26-годишниот Кент е обвинет за вооружен напад на повозрасен човек во Велика Британија во март годинава, кога анонимниот господин пријавил дека бил нападнат со нож од пилотот и неговиот брат.

Инаку, Кент изјави дека немал намера ништо да стори, па затоа доби само условна казна.